Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија меѓу најмизерните земји во светот

Македонија меѓу најмизерните земји во светот
Македонија се најде на листата меѓу најмизерните земји во светот. Таа е рангирана на осмо место, меѓу 18 најсиромашни земји, според истражувањата на американски ,,Бизнис Инсајдер”. Рангирањето е направено според методологијата на економистот Артур Окун. Односот меѓу стапката на невработеност и инфлацијата на годишно ниво, биле главен критериум за одредување на стапката на сиромаштија. На прво место на оваа листа се најде Венецуела со инфлација од 62,2 проценти, а невработеноста е 7,8 проценти. Потоа следуваат Сирија, Џибути, Аргентина, Јемен и Јужна Африка. Според ,,Бизнис Инсајдер” иако во Македонија лани имаше дефлација, сепак невработеноста од 28 отсто било она што не донесе на осмото место меѓу најмизерните земји во светот. Како најголеми проблеми на македонската економија се потенцирани ,, корупцијата и слабото почитување и спроведување на законите”.
Слично

Поврзани вести