Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија меѓу 52 топ локации за посета во 2015 година

Македонија меѓу 52 топ локации за посета во 2015 година
Американскиот весник „Њујорк Тајмс“ на својот милионски аудиториум му ја препорача Македонија како една од 52 те топ дестинации која неизбежно треба да се посети во 2015 година. Секоја година овој весник составува листа од земји кои им ги препорачува на своите читатели да ги посетат во престојната година. На оваа листа Македонија е сместена на десеттото место, во друштво на светски познатите туристички атрактивни земји, како Куба, Чиле, Сингапур, Националниот парк „Јелоустоун“ и егзотичните острови Сент Винсент и Гренадини. „Њујорк тајмс“ пишува дека Македонија е најактуелната балканска дестинација, позната по своите единствени манастири и бистрото Охридско Езеро. Весникот наведува дека секој од посетителите може да најде по нешто атрактивно, како искачување на Шар Планина и нејзиниот алпски изглед, или да ужива во прекрасното вино од локалните произведувачи, или во традиционалната кујна по пристапни цени.
Слично

Поврзани вести