Македонија меѓу најсиромашните земји во Европа!
Албанија, Босна и Херцеговина и Македонија се најсиромашните држави на Балканот и во Европа, покажа годишниот извештај Светска книга на фактите што ја објавува ЦИА. Со БДП од 10.800 долари по глава на жител, Македонија е на 113. место од вкупно 228 држави.
Најсиромашна на Балканот и во Европа е Албанија, на 131. место со БДП од 8.200 долари по човек, а веднаш по неа на 130 место е Босна и Херцеговина со БДП од 8.300 долари.
Според извештајот Хрватска е на 78 место 17.800 долари , Црна Гора е на 107 место со 11.900 долари, Србија на 111 место со БДП од 11.000 долари. Во извештајот се анализираат редица економски, социјални и политички показатели на држави во светот.
Слично
