Македонија меѓу 10-те економии со најголеми подобрувања во водење бизнис
Македонија по четврти пат е меѓу десетте врвни економии во светот во новиот извештај на Светска банка и ИФЦ. Според извештајот најмногу се подобрило деловното и регулаторно опкружување во периодот од јуни минатата година до јуни годинава, спроведувајќи шест регулаторни реформи кои го олеснија водењето бизнис на локалните претприемачи.
Република Македонија го олеснила добивањето електрична енергија преку намалување на времето потребно за добивање нов приклучок и преку утврдување фиксен надомест за приклучување по киловат за приклучоци што бараат моќност до 400 kW. Исто така, го зајакна својот систем за обезбедени трансакции преку обезбедување поголема флексибилност на описот на средствата во договор за гаранција и на видовите долгови и обврски што можат да се обезбедат. Заштитата на инвеститорите се зајакнала преку овозможување на акционерите да бараат поништување на нефер трансакциите помеѓу поврзани субјекти и назначување ревизор да ги испита наводните нерегуларности во работењето на компанијата, соопштуваат од канцеларијата на Светска банка во Скопје.
Извештајот Дуинг бизнис покажува и дека Македонија е и една од петте економии што најмногу го затворија јазот со светските добри практики од 2005 година. Секако, во областите на почнување бизнис и добивање кредит, таа се рангира помеѓу десетте најдобри економии во светот. Сепак, постојат предизвици, особено во областите на извршувањето на договорите, прекуграничната трговија и регистрацијата на имотот, каде се рангира на 95., 89. и 84. место од 189 економии.
Македонија во ЈИЕ, и прва во регионот пред Хрватска и Словенија.
Тие достигнувања, посочува, можат да ги надополнат напорите на Владата и приватниот сектор во ублажување на последиците од криза во еврозоната и решавање на ниските стапки на вработеност. Истовремено, остануваат уште предизвици. Владата на Република Македонија и Светска банка работат заедно во понатамошно подобрување на инфраструктурата, вештините на работниците и севкупната конкурентност на земјата, наведува Проскурјакова.
Дуинг Бизнис ги истакнува и економиите кои постигнале најголеми подобрувања во показателите во споредба со претходната година. Десетте економии кои се на врвот на оваа листа за оваа година, според подобрувањата, се Украина, Руанда, Русија, Филипини, Косово, Џибути, Брегот на Слоновата Коска, Бурунди, Република Македонија и Гватемала. Сепак опстојуваат и предизвиците: пет од земјите што постигнаа најдобро подобрување оваа година – Бурунди, Брегот на Слоновата Коска, Филипини и Украина, сè уште се наоѓаат во долната половина на глобалното рангирање според леснотијата на водење бизнис.
Во заедничкиот водечки извештај на Светска банка и ИФЦ се анализираат односите што се однесуваат на бизнисите во економијата во текот на нивниот животен циклус, вклучувајќи го почнувањето и работењето, прекуграничната трговија, плаќањето даноци и решавањето на несолвентноста. Збирниот ранг на леснотијата на водење бизнис се базира на 10 показатели и опфаќа 189 економии.
Дуинг Бизнис не ги мери сите аспекти на деловното опкружување што им се важни на фирмите и на инвеститорите. На пример, не го мери квалитетот на фискалното управување, другите аспекти на макроекономската стабилност, нивото на вештини на работната сила или отпорноста на финансиските системи. Со неговите наоди се стимулираат дебатите за политиките низ целиот свет и се овозможија сè пошироки истражувања за тоа како регулативите на ниво на фирма се однесуваат на економските резултати во економиите. Годинешниот извештај е 11 то издание од едицијата на светскиот извештај Дуинг Бизнис и опфаќа 189 економии.
