Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија лута: Бугарија сака да го регистрира тараторот и ракијата како свои производи

Македонија лута: Бугарија сака да го регистрира тараторот и ракијата како свои производи

Бугарија поднела барање во ЕУ за заштита на тараторот и ракијата од грозје како бугарски производи, пишуваат денеска медиумите.

Од ЕК сепак одбиле да ја регистрираат ракијата од грозје како бугарски производ, бидејќи таа се произведувала и во другите соседни земји, меѓу кои е и Македонија.

Од македонското Министерство за земјоделство изјавиле дека Македонија засега не регистрирала ниту еден производ, бидејќи постапката траела со години. Регистрирање на производи имало само во рамките на земјата.

Покрај ракијата, која исто така се произведува во Македонија, на тараторот се гледа како на традиционална ладна супа - салата во македонската кујна. Затоа нашите се особено чувствителни во однос на „општите“ кулинарски традиции.

Само пред неколку дена „Каисерован врат Тракија“ (Kayserovan vrat Trakiya) стана четвртиот бугарски производ, впишан во Европскиот регистар на храна со традиционално специфичен карактер. Иницијативата е на здружението „Традиционалните сурово-сушени месни производи“, во кое членуваат 21 месопреработувачки претпријатија од целата земја. Здружението веќе го заштити во Брисел филето „Елена“, „Панагорска луканка“ и роле „Трапезица“. Европската комисија го одобрила и за запишување на „Бугарско розово масло“ во регистарот на заштитени географски индикации.

Слично

Поврзани вести