Македонија купила три пати повеќе за една година од „Газпром“
Рускиот "Газпром" го зголеми извозот на природен гас во Југоисточна Европа за 1,2 отсто, односно на 12,482 милијарди кубни метри во 2018 година, покажуваат податоците од компанијата во биансот за 2018 година.
Македонија ја има највисоката стапка на пораст на увозот на руски природен гас во 2018 година на 162 милиони кубни метри во 2018, од 63 милиони кубни метри во 2017 година во целиот регион. Бугарија беше најголемиот увозник на природен гас од "Газпром" меѓу земјите од Југоисточна Европа во периодот на ревизија, при што увозот од 3.172 милијарди кубни метри е намален за 4,7 отсто, покажуваат податоците од привремениот извештај на Гаспром. Молдавија е на второто место со увоз од 2.940 милијарди кубни метри во 2018 година, со зголемување од 2,712 милијарди кубни метри во претходната година.
Освен Бугарија, потрошувачката од „Газпром“ ја намалуваат и Хрватска и Словенија за 24,5, односно 1,8 отсто. Романија го зголемила купувањето за 10,9 отсто, Србија има само мала позитивна разлика од 1,2 проценти плус, додека кај БИХ нема никаква разлика, односно намалување или зголемување.
Со 162 милиони кубни метри Македонија не троши ниту една десетина како другите муштерии на „Газпром“, а може само да се каже дека е блиску од БИХ и Словенија, од кои едната купила 245 милиони, а другата 458 милиони евра.
Македонија гасот на оваа компанија го купува од Бугарија, која преку Романија го срповедува до нејзината граница, но и до таа на Грција и Турција.
Македонија годишно троши околу 300 милиони кубни метри природен гас, од кои поголемиот де во енергетскиот сектор, а помалку во индустријата и домаќинствата.
„Гаспром“ покрива над една третина од побарувачката на Европа за природен гас, најголемиот и најпрофитабилен пазар во Русија што вреди околу 37 милијарди долари годишно.
A.K..
