Македонија купува опрема за контрола на голема маса народ
Македонија деновиве испратила барања до повеќе земји членки на ЕУ за материјал кој е потребен за заштита на границата.
Европскиот портал Еурактив дошол до списокот во кој Македонија бара машини и материјал за изградба на ограда од 300 километри на јужната граница како и камп за 400 луѓе.
Во списокот испратен до некои земји членки, Македонија бара опрема за контролирање на маса народ и месечни трошоци за персонал, возила и техничка опрема за речиси цела армија.
Во Анексот 4 пак, насловен “Опрема за контрола на маса народ”, Македонија барала и специјални шок бомби и солзавец.
Извори на Еурактив велат дека некои земји членки се подготвени да и ја испратат оваа опрема на Македонија но некои земји сметаат дека има место за “рестрикции”.
Истиот извор му изјавил на Еурактив дека според експертите бараната опрема може да биде употребена за “внатрешна репресија” со оглед на претстојните избори во јуни.