Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија крева втора ограда долж границата со Грција кај Меџитлија

Македонија крева втора ограда долж границата со Грција кај Меџитлија

Започна изградбата на втора ограда долж границата со Грција со цел да се постигне целосна контрола на миграциониот бран, соопштуваат надлежните.

Првата ограда беше дигната во реонот на граничниот премин недалеку од градот Гевгелија.

"Сега ќе се подигне оградата околу граничниот премин Меџитлија. Овој премин е ранлив и ние имаме намера да го спречиме секое нелегално преминување", изјавил за АФП воен извор кој побарал анонимност.

Тој одбил да соопшти колку долга и колку висока ќе биде оваа ограда.

На крајот од минатиот месец Македонија заврши со изградба на првата ограда, која е висока околу 3 метри, во реонот на Гевгелија.

Потсетуваме дека на 19 ноември властите во Скопје ја затворија границата за сите економски мигранти. Во земјата се дозволени само оние од Ирак, Сирија и Авганистан.

Вчера Грција започна да ги транспортира економските мигранти од грчко-македонската граница кон внатрешноста на земјата.

Околу 1.200 лица од Пакистан, Мароко и Иран беа блокирани во реонот на село Идомени, недалеку од македонската граница во текот на неколку недели.

Слично

Поврзани вести