Македонија коридор за снабдување на гас во регионот: Проектот Александропулос, можност за енергетски бум
Македонија преку
проектот Александропулос ќе стане коридор преку кој земјите од овој регион ќе
може да се снабдуваат со гас. Како што вчера посочи
премиерот Зоран Заев, со вклучување во изградбата на интерконекторот „Александропулос“
ќе се обезбеди стабилно и континуирано снабдување со гас на
земјава, независност и конкурентни цени што е во согласност со дологорочната
енергетска стратегија. Голема поддршка за реализација, Македонија има од страна
на САД
– Со поддшка на САД како наш стратешки партнер и сојузник во НАТО, Северна Македонија во наредниот период ќе иницира неколку проекти кои ќе бидат значајни за земјата и регионот. Станува збор за вклучување на земјата во изградба на терминалот за течен природен гас во близина на Александропулос, проект кој создава можност за трајно и стабилно снабдување со гас на нашата земја, која ќе стане и точка од каде гасот ќе се дистрибуира во регионот и земјите што ќе покажат интерес. Ова поврзување со Грција, со поддршка од САД и ЕУ, ја прави нашата земја енергетски коридор за земјите од ЈИЕ за алтерантивен пристап до значајни енергетски ресурси. Сето ова ја прави разликата што ја направивме за овие три години, истакна вчера премерот Заев по средбата со помошникот државен секретар за енергетика на САД, Францис Фанон.
Покрај овој проект, искажана е поддршка и за ставање во функција на нафтоводот Солун-Скопје, за кој премиерот Заев рече дека претстојат преговори со Хеленик петролеиум и нагласи дека се надева на пријателско решение и тој капацитет да биде ставен во функција во скоро време.
