МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРЕБА ДА ПЛАТИ 25,6 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДОГОВОРОТ СО ОКТА, пресуди арбитражниот суд во Париз
Македонија ќе треба да плати 25,6 мииони евра казна за кршење на договорот со поранешен „Хеленик петролеум“, објавија грчки и француски медиуми. Арбитражниот суд во Париз пресуди во корист на грчката енергетска компанија која пак бараше 32 милиони евра.
Грчката енергетска компанија ја тужеше Македонија поради неисполнување на договорните обврски за купување најмалку 500.000 тони мазут од Грција на годишно ниво.
Како што пишуваат грчките медиуми, Хеленик енерџ, поранешен Хеленик Петролеум, добил 80 проценти од бараните 32 милиони евра, односно Македонија ќе треба да и исплати на грчата енергетска компанија 25,6 милиони евра.
Ова е втор пат како државава е казнета за неисполнување на договорот со грчката компанија. Претходната пресуда на Арбитражниот суд беше на 40 милиони евра.
За потсетување, нашата земја потпиша договорот со ОКТА, од страна на Владата на Љубчо Георгиевски, во 1998 година, со кој државата се обврза дека во период од 20 години ќе купува по 500.000 тони мазут годишно. Договорените количини беа неколкукратно повеќе од потребите на земајва, па Македонија престана да ја почитува обврската.
Овој договор долги години беше оценуван како штетен за нашата земја.
Неодамна грчката компанија најави дека ќе го рестартитра нафтоводот Скопје – Солун изграден за пренос на нафта. Компанијата која е дел од „Хеленик енерџи“ поднесе и барање за лиценца за пренос на дизел до Регулаторната комисија за енергетика.
Грчките медиумите исто така тврдат дека парите кои Македонија ќе и ги исплати на Грција ќе бидат искористени за модернизација на нафтоводот за транспорт на гориво.
