Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија ќе се рекламира на Гугл за 514 илјади евра

Македонија ќе се рекламира на Гугл за 514 илјади евра
Македонија ќе се промовира на интернет пребарувачот Гугл. За промоцијата, владата, односно генералниот секретаријат веќе склучил договор со фирмата Google Hrvatska doo, Google Croatia Ltd. За рекламирањето на интернет пребарувачот google државата ќе плати 514 илјади евра. Договорот со хрватската компанија е склучен на почетокот на годинава односно во јануари, а сега е објавен на интернет страната на Бирото за јавни набавки. Хрватската компанија е еднинствената компанија која доставила понуда, за оваа зделка, што не е направана на тендер или електронска аукција. Односно, според податоците на Бирото за јавни набавки, компанијата е избрана во постапка со преговарање, без претходно објавување на оглас. Во образложението, ваквата постапка се правда со уметнички причини. „Оправданост за изборот на постапката со преговарање без претходно објавување, е кога од технички или уметнички причини, односно од причини врзани за заштита на ексклузивните права (патенти и сл.), договорот може да го изврши само одреден економски оператор, стои во документите објавени на Бирото за јавни набавки. На почетокот на годината, министерот за финансии Зоран Ставрески, најави дека македонскиот туризам ќе биде презентиран на интернет пребарувачот Гугл, со цел да се претстават убавините на Македонија и на таков начин да се привлечат туристи. „ Туризмот е една од клучните гранки, бидејќи се работи за извозна дејност, носи девизен прилив и е важна за Македонија. Вложуваме доста и во делот на креирање понуда за туристи, меѓутоа и во делот на рекламирање и презентирање на земјата пред странските туристи. Во тие рамки Гугл е најголемата пребарувачка машина во светот што ја користат сите и во рамки на останатите активности е и промоцијата на Македонија преку Гугл, истакна Ставрески. Тој потенцираше и дека очекува на ваков начин многу поголем број луѓе ќе дојдат до сознанија за Македонија и голем дел од нив да дојдат и да ја посетат. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во февруари годинава изнесува 27 278, а бројот на ноќевањата изнесува 60 619. Бројот на туристите во февруари 2014 година, во однос на февруари 2013 година, е зголемен за 6.6%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 3.9%. Во февруари годинава зголемување има кај бројот на домашните туристи во однос на февруари лани и тоа за 10.3%, а бројот на странските туристи е зголемен за 4.1%. Н.С.
Слично

Поврзани вести