Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија ќе се гасифицира, најави Владата преку нов проект

Македонија ќе се гасифицира, најави Владата преку нов проект

Владата донела одлука за нов пристап во гасификацијата на Македонија со проект кој подолго време е подготвуван од страна на експерти од областа и се предвидува да се изгради дистрибутивна мрежа за природен гас која ќе ги опфати сите три региони, посочи владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Гасификацијата ќе се реализира реализира преку јавно-приватно партнерство за кое во следниов период ќе биде објавен јавен повик.

- Владата беше посветена на изградба на магистрални гасоводи. Досега е завршен магистралниот гасовод Клечовце-Штип, а започната е изградбата на гасоводот Штип-Неготино. Изградбата на магистралните гасоводи од Неготино до Битола и од Скопје до Гостивар преку Тетово планирано е да започне во периодот што следи, изјави Ѓорѓиев.

Советникот за енергетика Христијан Мицкоски појасни дека  одлучено е за 30 нови постапки меѓу кои периодот на концесија од 20 е зголемен на 30 години, цената за приклучок е намалена од 100 на 80 евра при што остатокот го субвенционира Владата, како и дека опфатени ќе бидат сите општини со што природниот гас ќе биде достапен за сите граѓани.


Слично

Поврзани вести