Македонија ќе развива спа-туризам по словенечки рецепт
Македонија ќе користи словенечки искуства за езерскиот, а пред се за спа и вeлнес туризмот. Соработката била договорена на 10. состанок на Мешовитиот комитет за соработа меѓу Македонија и Словенија што се одржа во Скопје.
Група словенечки инвеститори во делот на хотелиерството треба да пристигнат во Скопје и да ги разгледаат можните локации за изградба на хотели, пред се во охридскиот регион.
Искуства за развој на спа и велнес туризмот биле побарани од фирмата Термооливија, сопственик на еден од најголемите спа центри на Балканот, која веќе развила концепт за проект во Македонија. Од неодамна во собраниска процедура се и измените на Законот за минерални суровини со кои ќе се дозволи делливост на концесиите за термоминерални води со цел да се стимулираат инвестиции во спа и велнес туризмот.
Слично
