Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија ќе купува гас од Америка

Македонија ќе купува гас од Америка

Македонија ќе купува течен природен гас од Америка.

Владите на  Македонија и на САД објавија заедничка изјава по одржувањето на втората сесија на Стратешкиот дијалог во Вашингтон, предводена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и заменик-државниот секретар Кристофер Ландау. Заедничката изјава е достапна на веб-страницата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. 

Договорот вклучува купување течен природен гас од САД, воспоставување на едношалтерски систем за извозот и инвестициите од САД, заедничката посветеност кон колективната безбедност на НАТО, зголемување на трошоците за одбрана од 5 отсто од БДП до 2035 година, при што Македонија се обврзува да даде донација  во рамките на Списокот на приоритетни потреби на Украина. САД се обврзуваат да обезбедат техничка помош за зајакнување на дигиталната инфраструктура во сите министерства на  Македонија, да дадат  3.523.000 американски долари помош за да се  зајакнат капацитетите на органите на прогонот кај нас (МВР), како и управувањето со границите, што ќе ги „направи двете земји побезбедни, посилни и попросперитетни“. Програмата, пак, за глобален влез на САД (Global Entry) ќе овозможи забрзана проверка на однапред одобрени патници од Северна Македонија со низок ризик по пристигнувањето во САД, така што нема ништо од најавите за укинување на визите или враќање на иселеничките визи. 

Според соопштението на МНР, посебен акцент е ставен на енергетската диверзификација и зголемувањето на сигурноста на снабдувањето со природен гас, како и на унапредувањето на инвестициската клима и трговските односи.

Во делот на безбедноста, во заедничката изјава се нагласува и интензивирање на соработката во справувањето со транснационалниот криминал, нелегалната миграција и зајакнувањето на граничната безбедност, со конкретна финансиска и техничка поддршка за институциите.

Договорени се иницијативи за заштита на културното наследство, како и за унапредување на мобилноста на граѓаните преку приклучување кон програмите за доверливи патници.

Слично

Поврзани вести