Македонија ќе извезува сува маса од канабис
Владата со закон ќе овозможи извоз на сувата маса на растението канабис која е произведена во Македонија. Министерството за здравство работи на предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.
„Да се овозможи сувата маса на растението канабис произведена во Република Македонија да се извезува надвор од државата. Да се регулираат трошоците околу постапката за добивање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели, стои во обарзложението за предлог измените кои веќе с еобјавени на Енер.
Се објаснува и дека предлог законот за изменување и дополнување на законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции се предлага со цел да се доуредат надлежностите на правните лица во делот на одгледување на канабис за медицински цели и екстракцијата на маслото од сувото растение канабис и да се доуредат надлежностите на институциите одговорни во спроведување на одредбите од законот и доусогласување со новите Европски регулативи.
