Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија ќе добие Државна кардиохирургија

Македонија ќе добие Државна кардиохирургија
За два месеца ќе започне да работи Униврзитетската клиника за кардиохирургија, информираше министерот за здравство Никола Тодоров. Владата на последната седница ја донела одлука за основање на Државната кардиохирургија, која ќе започне со работа како дел од хируршките клиники, а потоа ќе се пресели на реновираната Клиника за кардиологија. „Последните податоци за стапката на морбилитет од кардиолошки заболувања ја потврдуваат потребата од основање на државна кардиохирургија и искрено мислам дека ова е сонот на повеќе Влади, министри и огромен број на здравствени работници“, вели Тодоров. Формирањето на државната кардиохирургија се очекува да ја чини државата околу 150 милиони денари од кои 43 за реконструкција и адаптирање на простор во Клиниката за кардиологија и 106 милиони за набавка на современа опрема за извршување на операциите и грижа на пациентите. Тројца искусни кардиохирурзи ќе бидат дел од тимот на државната кардиохирургија, а за в.д. директор на Клиниката била назначена Биљана Теофилова. И покрај основањето на државната кардиохирургија, пациентите по сопствен избор ќе може да ги користат и услугите на двете приватни кардиохирургии - Систина и Филип 2, кои имаат договори со Фондот за здравствено осигурување. Отворањето на државната кардиохирургија е заради поголема конкуренција во здравствената дејност, вели Тодоров.
Слично

Поврзани вести