Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија ќе добие 664 милиони евра од ЕУ за поддршка на реформите во следните седум години

Македонија ќе добие 664 милиони евра од ЕУ за поддршка на реформите во следните седум години
Европската комисија се обидува практично да покаже дека проширувањето и натаму се наоѓа на агенда на Брисел и со новиот состав, иако Комесаријатот за проширување стана Комесаријат за надворешна политика и преговори за проширување. Унијата го објави финансискиот план со кој ќе ја поддржува евроинтеграцијата во овие земји. Притоа се најавува финансиска поддршка од 11 милијарди евра преку ИПА во следните седум години за земјите кои се дел од процесот на проширување во Југоисточна Европа и за нивна подготовка за идно членство, објави портпаролот Петер Стано. Веќе е подготвен и планот за алокација на средствата, кој ќе одреди која земја колку пари ќе добие од европскиот буџет и начинот на кој овие пари ќе се трошат. Според овој план, за Македонија од ИПА се предвидени 664, 2 милиони евра, распоредени до 2020 година. За речиси половина од овие пари земјава ќе може да аплицира во периодот од 2018-2020 година. Освен овие, Македонија ќе може да конкурира и за околу три милијарди евра во следните седум години, предвидени за проекти од прекугранична соработка, односно проекти во кои се вклучени повеќе земји. Нешто помалку средства од Македонија ќе имаат на располагање Албанија и Косово, додека за Црна Гора се предвидени 270,5 милиони евра. Фондовите за Србија и Турција се поголеми, а износот на пари предвиден за Босна и Херцеговина ќе се објави подоцна, поради недостиг на информации за детална проценка. Еве колку пари ќе можат да трошат од ИПА земјите од регионот по години: За Македонија, како клучни области во кои ќе се трошат парите се наведуваат: демократија и управување, владеење на право и основни човекови права, животна средина, транспорт, конкурентност и иновации, образование, вработување и социјална политика, земјоделство и рурален развој, како и регионална и територијална соработка. „Инструментот за претпристапна помош ИПА за следните седум години ќе претрпи одредени измени. Тој е наречен ИПА 2 и содржи поддршка за областите кои се означени како стратешки приоритети за секоја земја посебно. ИПА 2 ќе работи со поедноставени правила, што ќе овозможи подобра флексибилност, поголема ориентираност на резултати и повеќе прилагодена на специфичните потреби на секоја земја“, рече Стано. Приоритетите во кои ќе се користи помошта биле дефинирани во согласност со властите од секоја од овие земји, со Европскиот парламент, претставници на граѓанското општество и меѓународните финансиски институции.  
Слично

Поврзани вести