Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија ќе и враќа мигранти на Грција

Македонија ќе и враќа мигранти на Грција

Македонија ќе ги враќа назад во Грција сите мигранти, кои ќе бидат протерани на наша земја од северните држави. Тоа, го изјавил претседателот Ѓорге Иванов за грчкото издание "Катимерини" по повод затегнувањето на границата меѓу двете земји.

"Ако видиме дека северните европски држави го прават тоа, ние ќе го следиме нивниот пример", нагласува Иванов.

Веќе шест дена надлежните не дозволуваат да премине ниту еден мигрант, кој доаѓа од земјите надвор од воените конфликти. Дозволени се само премини на мигранти од Сирија, Ирак и Авганистан, кои влегуваат од Грција.

Кревање ограда долж границата со Грција не е за да ја затвориме границата, туку само за да создадеме еден влез за бегалците и мигрантите, рече уште Иванов. "Катимерини" нагласува дека Македонија пред неколку дена ги почна градежните работи на заедничката граница.

Иванов се наврати на изјавите во последните неколку дена, дека Македонија нема да гради бегалски кампови и дека земјата има можност да го прифати најмногу до 2.000 лица.

Во меѓувреме, македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски побара соработката меѓу Република Македонија и Грција да биде соработката на повисоко ниво - на владино ниво.

"Во оваа фаза има соработка на полициско ниво. Ние сепак имаме потреба од повеќе точни информации - на пример колку луѓе доаѓаат од пристаништето во Пиреја, за да може да се подготвиме .... Ние сме загрижени поради одлуката на Србија да ја затвори границата, како што тоа го направија нејзините северни соседи. Македонија е единствената земја каде бегалците доаѓаат од земја членка на ЕУ и земја која е дел од Шенген ", рече македонскиот дипломат.

"По терористичките напади во Париз за сите стана јасно дека е императив да биде воведена контрола на лицата кои минуваат низ Балканскиот пат. Едно е да доаѓаат од Алепо, каде паѓаат бомби, а сосема друго да доаѓаат луѓе од Карачи, во потрага за подобар живот во Европа ", рече уште македонскиот министер за надворешни работи и истакна дека Грција продолжува да се противи на испраќањето на полициски сили од Фронтекс на границата меѓу двете земји.

Слично

Поврзани вести