Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија ќе добие нова позитивна, но условена препорака од ЕК

Македонија ќе добие нова позитивна, но условена препорака од ЕК
Европската комисија во ноември ќе го објави извештајот за напредокот на Македонија во интегративниот процес и се очекува да даде условена препорака за започнување на преговори која ќе зависи од исполнување на реформите предвидени од Договорот од Пржино. Бидејќи изборите ќе се одржат во декември дури тогаш ќе има појасна претстава дали Брисел како гарантор на договорот ќе биде задоволен од напредокот на земјата. Сепак, позитивната препорака не значи и автоматски старт на преговорите за членство во ЕУ бидејќи одлуката за таков чекор ја носи Европскиот совет каде Грција повторно има право на вето и одложување на препораката. Засега нема детали што ќе содржи извештајот на ЕК и какви оценки ќе добие Македонија, но се очекува како и во минатите години да има предупредувачки тон за сите политички недостатоци во поглед на дијалогот меѓу партиите, почитување на поделбата на власта, владеењето на правото, слободата на медиумите и вреднувањето на човековите права и слободи.
Слично

Поврзани вести