Македонија како туристичка дестинација на саем во Берлин
Македонија ги презентираше своите туристичкки потенцијали на Саемот за туризам што се одржа во Берлин од 5 до 9 март. На саемот учествуваа 180 земји и 11.000 излагачи од целиот свет, што го направи овој саем вистинско „патување околу светот“.
На саемот туроператорите, агенциите, хотелите, авиокомпаниите, системите за резревирање ја нудат комплетната туристичка понуда.
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот одлучи и оваа година континуирано да ја промовира Македонија на овој реномиран саем од областа на туризмот, со цел да се прошири и зголеми заинтересираноста на туристичката фела и потенцијалните туристи од Германија, Европа и светот.
Македонските туристички потенцијали беа презентирани на геманскиот пазар со нов дизајн на штандот, видео материјал од промотивната кампања Macedonia Timeless и нови промотиви материјали изработени за германскиот пазар.
„Присуството на вакви саеми за Македонија се повеќе од нужни. Не само што обезбедуваат видливост за помалку познати туристички дестинации на светската турискичка карта, туку се и добра можност за општа презентација на земјата“, вели амбасадорот на Република Македонија во Берлин, Корнелија Утевска Глигоровска.
Македонскиот туризам ќе се промовира и на саемите во Гeтеборг и во Москва.
Слично
