Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија како Девствените Острови за грчките бизниси – Атина нé стави на „црна листа“!

Македонија како Девствените Острови за грчките бизниси – Атина нé стави на „црна листа“!
Македонија се најде на две листи со кои грчкото Министерство за финансии им препорачува на грчките бизнисмени да бидат внимателни при вложувањата во одредени земји. Финансиските активности на грчките компании во Македонија ќе се соочат со зајакнати контроли од грчките даночни власти, затоа што земјава се води како „даночен рај“ за грчките бизниси каде што тие се обидуваат дџа го избегнат данокот. Македонија е наведена као една од 36-те држави во светот со која грчкото Министерство за финансии нема даночна соработка, заедно со земји како Панама, Сејшели, Филипини, Сент Винсент и Гренадини, Вануату, Уругвај, Девствени Острови... На оваа листа нема ниту една балканска држава, а од европските земји, освен Македонија, се само Андора, Монако и Лихтенштајн. На втората листа од 33 држави, се земјите кои имаат поповластени даночни стапки од Грција и тука, освен Македонија се и повеќето останати балкански земји, но и земји како Оман, Катар, Обединети Арапски Емирати, Кајмански Острови... Тоа се држави во кои оданочувањето е за 50% пониско од тоа во Грција. Компаниите кои ќе вложуваат во овие земји во иднина ќе се соочат со засилени контроли на грчките даночници, најавуваат од грчкото Министерство за финансии.
Слично

Поврзани вести