Македонија ја заострува контролата врз влезот на економски мигранти
Со цел да се спречи транзитот на економските мигранти кои бараат влез во Македонија, на границите ќе се воведат дополнителни контроли брз барателите на азил.
Со новите мерки, на мигрантите кои немаат пасош нема да им се дозволи влез во државата. Истото важи и за оние кои покажале фалсификувана исправа или дал погрешна изјава за својата националност и идентитет.
Овој план беше донесен на средбата меѓу шефовите на полициите на Македонија, Австрија, Словенија, Србија и Хрватска, кои денеска во Скопје ја договориле заштитната.
Како што објасни Горанчо Савовски, директор на Бирото за јавна безбедност, тоа ќе стави рампа на злоупотребата на мигрантската рута на оние мигранти на кои не им треба меѓународна заштита и кои сакаат влез во Европа за други цели.
Директорите на полициите договориле и стандардизација на регистрацијата на мигрантите и воспоставување јасни заеднички критериуми, кои мигрантите ќе мора да ги исполнуваат за нивно
Инаку полицајци од земји на европската унија веќе патролираат на јужната граница. Се очекува во ова да се вклучи и европската полиција Фронтекс.транзитирање низ рутата.
