Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија ја заокружи 2014 како економски успешна

Македонија ја заокружи 2014 како економски успешна
Министерот за финансии, Зоран Саврески, коментирајќи ги последните статистички податоци на Државниот завод за статистика кои се однесуваат на намалувањето на невработеноста во земјава како и на растот на македонската економија, 2014 година ја оцени како успешна година на економски план. Споредн него ваквиот резултат е исклучително добар во услови кога во европската економија се бележи стагнација, а пак тоа е показател дека економските политики во земјава се добро поставени. „Невработеноста е намалена на историски најниско ниво од 27,9 проценти, а македонскиот БДП расте со стапка од 4,1 процент што е меѓу трите највисоки во Европа“, истакна вицепремиерот Ставрески. Добрите резултати во областа на економијата, според министерот за финансии, се должат на поддршката што македонското стопанство ја добива од Буџетот за реализација на крупни инфраструктурни проекти со што градежништвото и индустријата оствариа добри економски резултати, како и поддршката од кредитната линија обезбедена со субвенционирана камата од 5,5 проценти чии средства се наменети за стотици македонски фирми со цел да им помогнат да остварат добри резултати. Министерот нагласи дека добриот резултат се должи и на ефектот од работењето на странските компании во слободните и индустриски зони. „Останува уште доста да се сработи и во следните години да продолжат ваквите позитивни движења.  Да има дополнително намалување на невработеноста и да се задржи добриот тренд на раст на македонската економија“, рече Ставрески.
Слично

Поврзани вести