Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија ја задржа ББ+ оценката од кредитната агенција Фич

Македонија ја задржа ББ+ оценката од кредитната агенција Фич

И годинава Македонија ја доби ББ+ оценката од кредитната агенција Фич.

Според оваа кредитна агенција  растот на бруто домашниот производ и општествениот развој на земјава се „над ББ просекот“, а  бизнис климата ја оцени како поволна и наведе дека Македнија се наоѓа меѓу најдобрите 30 економии во светот за водење бизнис според ранг листата на Дуинг Бизнис.

Намалената невработеност за 10 отсто, односно 37 отсто во 2005 година на сегашните 27 отсто и банкарскиот сектор опишан како  добро капитализиран и високо ликвиден, вклучително и двете банки кои се во грчка сопственост придонесоа меѓу другото земјава да го задржи кредитниот рејтин на ова ниво.

Во извештајот, политичката состојба, за која се очекува да се надмине со договорот од „Пржино“ е наведена како ризик за понатамошната состојба во оценката на кредитната агенција ФИЧ.

Фич прогнозира продолжување на стабилната фискална и монетарна политика и закрепнување на  надворешно трговската размена во Македонија.

Кредитниот рејтинг оваа година им беше намален на  Хрватска, Србија, Турција, Бугарија, Словенија, Русија.

Слично

Поврзани вести