Македонија ја „дрма” образовна револуција на умот!
Неколкуте последователни протести на средношколците, студентите, наставниците и професорите го разбудија заспаното граѓанство.Во обидот надлежните по секоја цена да ги воведат замислените реформи во образованието, кои во многу наврати се покажаа само како позајмени или препишани решенија, нецелосно имплементирани, и обидот за спој со пазарот на трудот и некоја стандардизација на знаењата како начин властите да ги одбранат реформите, само се поттикна фактографија наспроти вистинско разбирање, можност за истражување и посветување на она што си го избрал како предмет на изучување. Во таа „реформска трка“, квалитетот ја изгуби битката со квантитетот. Станавме општество каде сите трчаат по што е можно повеќе титули, а кое е знаењето што се добива при тоа и која е суштината веќе никој не знае. Изгубени се вистинските вредности и мотиви за образовна надградба-оценува за Фактор, Дамјан Николовски од Младинската мрежа за врсничка едукација која е подржана од Фондот за население на Обединетите Нации.
Y-PEER мрежата е единствената младинска мрежа во земјава која работи на развојната агенда од Обединетите Нации, а еден од главните аспекти се образованието, демографијата, човековиот капитал и младинското учество за кои се директно вклучени во сите консултативни процеси на национално, регионално и глобално ниво кои се однесуваат на развојната агенда и опфаќањето на младинските приоритети во истата. Николовски моментално е вклучен како консултант во процесот на изработка на Националната стратегија за млади на Македонија поддржана од Програмата за развој на Обединетите Нации.
“Во Македонија со настаните кои се случија во изминатиов период гледам будење на одамна заспаното граѓанство. И не се однесува ова само за образованието и пленумизацијата како начин на дејствување и борба за поквалитетно образование, туку истото според мене беше иницијална каписла за поширока општествена дебата. Насекаде има(ше) поплаки за цензурата и крајно арогантниот однос на властите, но уште поголем и позагрижувачки проблем стана самоцензурата. Помеѓу нас, во затворени кругови сите ги посочуваа проблемите, но јавно никој не се осмелуваше да проговори. Или пак во моменти кога некој ќе го стореше тоа, никогаш немаше доволно критична маса, па таквите спорадични обиди се губеа во шумот на резигнираноста. Само, сè уште не можам да си одгатнам дали се работи за страв од изразување на сопственото мислење и пак само удобност во принципот „некој друг ќе ги реши моите проблеми“. Доколку во овој контекст ги анализираме младите тогаш до скоро (пред протестите и формирањето на пленумите) кај нив можеше да констатираме исклученост од општествените процеси и апатија”-вели Николовски.
Во земјава, според него е заборавена културата на дебатата и улогата на одговорното граѓанствo. Проблемот со кој се соочуваме е енормната партизираност и токму поради тоа, како што вели, многумина, плашејќи се од етикетирање се кријат зад превезот на аполитичноста, но тоа не ги прави помалку одговорни за состојбите во кои се наоѓа нашето општество. Креирањето на политиките, објаснува тој, мора да биде инклузивно, со вклучување на практичарите и сите засегнати страни, а особено младите како чинители кои можат да придонесат со иновативност, во создавањето на политиките и процесите на донесување одлуки претставува најдобрата пракса за која на глобално ниво се говори веќе со години.
Стратегии само на хартија!
Николовски како дел од тимот кој е вклучен во процесот на изработка на Националната стратегија за млади на Македонија поддржана од Програмата за развој на Обединетите Нации, оценува дека нашето образование одамна го има изгубено компасот, а последните реформи најверојатно беа само капката што ја прели чашата во која со години се собираа нештата. Па така, според него, наместо љубов кон науката или областа и инспирацијата за иновација, стравот од испити, тестови, прашалници и учењето за оценка станаа главни двигатели на образовниот процес. Наместо поттик за истражување, критичка мисла,вели се оди на стандардизација и униформирање на умови и уште поголемо затегнување на моделот „one size fits all“ за кој на глобално ниво се разговара и апелира да биде напуштен. Прогресот, потенцира тој, не може да дојде од просто следење на лекции, и учење податоци за стандардизирани тестови, туку како развој на критичкиот ум кој доаѓа преку истражувања, иновации, компарации и анализи. А, научно- образовните институции се оние кои треба да им го овозможат таквиот поттикнувачки простор на младите.
“Нелогичности има многу во земјава, но најголемата најверојатно е некореспондирањето на она што го имаме на хартија со реалноста во која живееме. И не говорам овде само за образованието. Во земјава имаме толку многу нешта ставени на хартија, толку многу стратегии, препораки, програми за развој, а ниту се соодветни на контекстот, ниту пак одблизу имаме доволно ресурси и капацитети за спроведување и реализација. А во некои случаи можеби ниту волја за вистинско и целосно имплементирање на нештата, па тие се прават за само привидно да изгледа дека ги имаме. Таков е случајот до некаде со европскиот кредит трансфер систем, чија главана цел е универзалност, можности и мобилност на студентите, а лично познавам студенти кои имале проблеми токму со тие аспекти. Проблеми со признавање на кредити за поминати семестри на универзитети во Европа, или научна работа во истите или пак нострифицирање на дипломи во земјава. За џабе е да ги пресликаме и најдобрите решенија од развиените западноевропски земји, ако немаме средства за да створиме поволни услови за нивна реализација и функционирање”-додава Николовски.
Зошто младите бегаат од земјава?!
Македонија, каде речиси 25% од населението го сочинуваат младите на возраст од 10 до 24 години, според него може да ги искористи економските придобивки од т.н. демографска дивиденда. Според извештајот за состојбата на светската популација во 2014, на Фондот за население на Обединетите Нации (УНФПА), инвестиции во човечкиот капитал на младите луѓе преку квалитетно образование, води до потенцијален раст на БДП по глава на жител и до 1,7% годишно (за Македонија овој процент поради пониската ставка на фертилитет е до 0,6%). Секако, ваквите инвестиции, објаснува дека треба да бидат комплементирани со политики кои експлицитно целат на поврзување на образовните резултати и вештини со потребите на пазарот на трудот. Токму тука, смета Николовски лежи решението за стабилен и ефективен образовен систем, но и создавање услови за младите да останат во земјава.
“Моменталната ситуација во однос на тоа каде младите ја гледаат својата иднина е поразителна за земјава. Всушност поразителна е веќе во последните неколку години. Во истражување спроведено помеѓу средношколци во 2010 година, 45% од испитаниците одговориле дека не се гледаат во Македонија за 10 години од тогаш. Ваквите ставови кај студентите, за жал, се уште позасилени. Трендот на „одлив на мозоци“ воопшто не забавува”- нагласува координаторот на Националната стратегија за млади.
Според анализите на Витгенштајн центарот за демографија и човечки капитал, Македонија е во групата со Бугарија и Узбекистан каде младите мигранти од 15-24 години кои заминуваат за Западна Европа имаат повисок степен на образование отколку нивните врсници кои остануваат во земјата. Ние, објаснува Николовски, практично го губиме квалитетниот кадар кој би требало да придонесе за растот на економијата и развојот на земјата, па вклучувајќи ги тука и подобрувањето на демократските процеси и доброто владеење. И на тој начин, вели се затвора магичниот круг- на младите им се потребни услови и можности за да останат во земјава, а со заминувањето од овде не помагаат во подобрувањето на истите.
“На конференцијата „Млади лидери за популација и развој“, во организација на Европскиот Парламентарен Форум и УНФПА, зборував за инклузивните политики каде заменик извршниот директор на УНФПА Кејт Гилмор, изјави- „Ако не сте на масата, најверојатно сте на менито!“. Оваа нејзина изјава одлично го отсликува процесот на креирање политики. Е сега, тука треба да се отвори прашањето за тоа какво е учеството што го сакаме и бараме? Доколку истото не е значајно, доколку на вклучените страни не им се даде можност активно да придонесат, доколку се ставени во положба да немаат капацитет соодветно да придонесат, тогаш таквото учество воопшто и не е потребно. Бидејќи тоа не претставува ништо повеќе од токенизам, или уште полошо само декорација за некој да може да се пофали со додадена вредност на кој и да е процес”-потенцира Николовски.
Образовен систем-рефлексија на политичко-општествените грешки!
Во Македонија, заклучува тој, се чини дека немаме проблем со учеството и декларативните залагања за истото, бидејќи покани за вклучување на младите стигнуваат од сите страни бидејќи е тренд на младинско вклучување во сè, но од друга страна додава дека имаме навистина голем проблем со значајното учество и искреноста во намерите. А, тоа секако лошо се одразува на квалитетот на политиките и законските решенија кои се носат. Николовски вели дека би сакал образовниот процес да не е под влијание на политичко- економската и социјалната состојба и да можат младите луѓе да бидат ослободени од општествените случувања за да бидат посветени само на она поле за кое се одлучиле да се образуваат и усовршуваат. Но, најверојатно, заклучува дека треба да сме од друга планета за да веруваме дека образовниот процес може да се изземе и да биде изолиран од општествено- политичките и социо- економските текови, бидејќи според него тој е само рефлексија на пошироката општествена ситуација и вредностите кои се гаат во општеството.
“Кога младиот човек, како и целосното негово опкружување, е оптоварен со егзистенцијални прашања, кога неговата иднина е неизвесна, кога младинската невработеност руши рекорди од над 50%, кога можностите и животните избори се повеќе му се стеснуваат, не можеме да очекуваме нормален образовен процес”-потенцира Николовски. Образовниот процес во овие услови, вели е како да се качуваш по ескалатор кој оди надолу.
С.Б.

Слично