Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија избрана за членка на Советот за човекови права на ООН

Македонија избрана за членка на Советот за човекови права на ООН
Со 177 гласа „за“ на тајното гласање, Македонија стана нова членка на  Советот за човекови права на ООН во времетрање од 2014 до 2016 година. Според рангирањето земјава беше оценета како квалификуван кандидат кој ги исполни неопходните услови за да биде дел од работата на ова највисоко меѓународно тело посветено на почитување на човековите права, кое пак ја следи состојбата со кршењето на човековите права во сите земји членки на ОН. „Наша главна цел е со учество во ова тело на ОН кое би било прво од таков вид за Македонија да придонесеме за глобалната промоција на човековите права и сметаме дека со она што го овозможуваме како Република Македонија и со принципите на меѓународното право кои ги промовираме ќе бидеме еден добар и забележителен член на телото, Совет за човекови права на ОН“, изјави шефот на македонската дипломатија Никола Попоски за оваа одлука. Притоа денеска беа изгласани 14 нови членки на Советот за човекови права, во кој место имаат вкупно 47 земји. Покрај Македонија влегоа и Алжир, Британија, Виетнам, Јужна Африка, Кина, Куба, Малдивите, Мароко, Мексико, Намибија, Русија, Саудиска Арабија и Франција. Сепак имаше силно реакции за одредени државо, главно од организациите за човекови права како Хјуман рајтс воч, од каде тврдат дека Кина, Русија, Саудиска Арабија, Виетнам и Алжир имаат лош домашен однос кон човековите права, па оттука не можат да бидат кориснио за работата на Советот на ООН.
Слично

Поврзани вести