Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија испраќа помош во Србија и БиХ за справување со поплавите

Македонија испраќа помош во Србија и БиХ за справување со поплавите
Експерти за справување со поплави, пумпи и други средства ќе испрати Македонија во Србија и Босна и Херцеговина како првична помош за справување со поплавите во овие две земји. Помош од Македонија директно не била побарана, но земјава се вклучува во акцијата која била побарана од Европската цивилна заштита. Согласно одлуката на Владата, ќе бидат испратени 75 специјалисти за поплави од министерствата за внатрешни работи и за одбрана и од Дирекцијата за заштита и спасување. Освен ова, земјава ќе испрати и 45 пумпи за испумпување на вода, 35 агрегати, девет чамци, 3.000 ќебиња и поширока палета на лекови, информираше владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Слично

Поврзани вести