Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија искористила само 37% од европските пари за ИПА проекти

Македонија искористила само 37% од европските пари за ИПА проекти
Од европските пари за ИПА проекти достапни за Македонија се искористени само 37% . Ваквиот податок го објави денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими по средбата со министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми каде се разговарало за активностите за искористување на ИПА фондовите и за евроинтегративните процесите на земјава. Според Бесими, процентот на неискористени средства, споредено со земјите од  регионот, не става во рамките на просекот. „Ако се гледа  анализата на ЕУ , од споредбено со земјите кои имаат децентализиран  модел на искористување  ние сме на просек, но ние сметаме дека има потреба од појака координација и има простор за повеќе искористеност. Со поголема кординација ке бидат  и повеќе средства искористени . Ние не викаме дека состојата е идеална и дека сме најдобри но има потенцијал каде е инвестирано до сега“, изјави Бесими. Според него најголем проблем во евроинтегративниот процес на Македонија е усогласувањето со европското законодавство во рамки на животната средина. Досега министерството за животна средина има искористено 115 милиони или една шестина од парите за ИПА проекти. Притоа 100 милиони евра за земени зајакнување на институционалните капацитети и 15 милиони евра за јакнење на институционалните капацитети. За периодот од 2007 до 2013 година предвидени се 640 милиони евра европски пари.
Слично

Поврзани вести