Македонија интересна за Тур-оператори од Казакстан
Тур-оператори од Казакстан се заинтересирани за нашата земја и постои можност во наредниот период за развивање на интензивна соработка.
Ова се случува по промоцијата на Македонија како атрактивна туристичка дестинација на Меѓународниот саем за туризам што се одржа во Алмати, а на кој учествуваа македонски компании од секторот туризам и угостителство.
Туристичките потенцијали кои ги нуди Македонија се претставени пред повеќе од 40 тур-оператори од Казакстан, земја со 17 милиони жители.
Преку македонската амбасада, се реализирани и деловни средби со заинтересираните партнери од туристичкиот сектор во Алмати и во Астана.
Слично
