Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија има резерви на нафта само за 34 дена, наместо за три месеци!

Македонија има резерви на нафта само за 34 дена, наместо за три месеци!
Македонија има проблем да чува резерви на нафта. Во 2011 година Диркецијата за задолжителни резерви на нафта не успеала да ги набави планираните количини на нафтени резерви, а со тоа не е обезбедено зголемување на деновите на покриеност на потрошувачката согласно планираното, констатира Државниот завод за ревизија. „Поради искористеност на капацитетите, Дирекцијата се соочува со недостиг на простор за чување на задолжителните резерви, така што и количините на нафтените резерви што се набавуваат зависат од слободниот простор со кој располагаат складиштарите“, стои во извештајот на ревизорите. Државниот завод за ревизија бара од Владата да ги земе во предвид капацитетите со кои располагаат, со цел надминување на проблемот од недостиг на капацитети.

„Во текот на 2011 година, Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта остварила приходи во износ од околу 8,1 милиони евра по основ на наплата на надоместоците што производителот и увозниците на нафта и нафтени деривати го плаќаат при нивно пуштање во промет и увоз. Сепак, ревизијата како резултат на невоспоставената евиденција на обврските и побарувањата не била во можност да добие доволен соодветен ревизорски доказ за комлетноста и точноста на приходите“, стои во ревизорскиот извештај.

 „Статутот на дирекцијата со кој се регулира работењето, надлежностите на органите за управување и деловникот за работа УО на дирекцијата не се усогласени со измените на законот за задолжителни резерви на нафта. Неусогласеноста на статутот и деловникот создава можност за преземање на активности и донесување акти кои не се во рамките на законски предвидени надлежности“, утврдил Државниот завод за ревизија. Кршење на законот за јавни набавки Неправилности заводот за ревизија утврди и кај постапките за јавни набавки кои ги спроведувала Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта. „Вршени се набавки на стоки и услуги просечно месечно во износи повисоки од 500 евра во денарска противвредност без ДДВ, што не е во согласност со член 11 од Законот за јавни набавки. При изборот на фирма за дизајн и изработка на лого, веб страна и нејзино одржување - избрана е понуда која не ги содржи сите елементи од понудата кои ја сочинуваат вистинската вредност, согласно тендерската спецификација“, констатирале ревизорите. И Европската комисија со укажување до властите Дел од нерегуларностите кај Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта се нотирани и во последниот извештај на ЕК, каде е забележано дека на почетокот на 2012 година, државните нафтени резерви се зголемени малку, но се уште се за просечна потрошувачка од само 34 дена, наместо законските 90 дена.. И.М.    
 
Слично

Поврзани вести