Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија има резерви на керозин за 90 дена

Македонија има резерви на керозин за 90 дена

Проблем со снабдување со керозин нема, имаме резерви за 90 дена иако законски мора да имаме за 60 дена. И покрај кризата, отвораме 5 нови дестинации од охридскиот и скопскиот аеродром, истакна вицепремиерот Николоски во гостувањето во поткастот „Ноќно студио“.

"Со керозин покрај тоа што се снабдуваат скопскиот и охридскиот аеродром, се снабдува целосно аеродромот во Приштина и делумно аеродромот во Ниш. Успеавме Скопје да го направиме центар на четири аеродроми кој што прават снабдување од тука. Имаме резерви на керозин за 90 дена, законски е 60 дена, така што немама никаков проблем со снабдување.

Дури во услови кога се најавуваат откажување на летови, ние во тек на месец јуни планираме 5 нови дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром. Аустриа ерлајнс ќе почне да лета Виена до Охрид за прв пат. Визер ќе лета од Охрид до Краков и до Вроцлав и имаме две одлични туристички дестинации од скопскиот аеродром, едната е Палермо- Сицилија, другата е Алгеро-Сардинија", истакна Николоски.


Слично

Поврзани вести