Македонија има 1.958.844 полнолетни државјани
Македонија има 1.958.844 полнолетни државјани и 505.422 малолетни државјани.
Овие податоци Државната изборна комисија ги доби од регистарот на државјани на Министерството за внатрешни работи.
„Доаѓаме до податокот дека имаме 154.398 државјани кои не се запишани во Избирачкиот список. Најверојатно не поседуваат валидна лична карта или патна исправа“- вели Бедредин Ибраими, член на ДИК.
До ДИК досега пристигнале 6.686 пријави за гласање на државјани во дијаспората. Овој податок ќе се проверува дополнително затоа што е можно некој повеќе пати да се пријавил.
Слично
