Македонија идната недела ќе ја зафати нов студен бран
Студен бран во сабота ќе ја зафати земјава и ќе трае пет дена, а според метеоролозите најладно се очекува да бите во Беровскиот, Битолскиот и Дебарскиот регоин каде температурите ќе се симнат и до минус 15 степени целзиусови.
Најстудени ќе биде првите неколку дена од идната недела.
Поради екстремно ниските температури кои во некои региони во земјава деновиве достигнаа и до минус дваесет половина од територијата на земјава ќе биде во жолта фаза.
Утре минималната температура ќе се движи од минус 12 до минус 4, а максималната од 2 до 8 степени. Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Во недела ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд и снег и умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од минус 6 до 1, а максималната од 1 до 7 степени.
Во понеделник се очекуваат нови повремени врнежи од снег и температура од минус 7 до минус 2, а во текот на денот од минус 2 до 4 степени.
Слично
