Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија и Србија се обвинети за лош третман кон бегалците

Македонија и Србија се обвинети за лош третман кон бегалците

Меѓународната организација за човекови права „Амнести интернешенел“ ги обвини Македонија и Србија дека се во лош однос кон илегалните имигранти кои транзитираат низ територијата на пат кон ЕУ.

„Бегалците и мигрантите кои транзитираат низ Балканот се подложени на жестоки злоупотреби од страна на властите и на локални гангстери и срамно се напуштени од ЕУ и нејзината политика спрема мигрантите кои се оставени без заштита во Македонија и Србија. Извештајот на „Амнести интернешенел“ се базира на четири студии спроведени во Србија, Унгарија, Грција и Македонија меѓу јуни 2014 и март 2015 година, меѓу повеќе од 100 мигранти.

„Бегалците од војната и прогонот го преминуваат Балканот со надеж да најдат безбедност во Европа, но се наоѓаат жртви на злоупотреба и експлоатација, на самоволие на еден скапан систем за барање на бегалски статус и азил“, вели заменик директорот на „АИ“ за Европа и Централна Азија.

„Србија и Македонија станаа излезен пункт за бранот на мигранти, кои никој во Европа не изгледа благорасположен да ги прифати“.

Слично

Поврзани вести