Македонија и Србија прифаќаат мигранти само од Сирија, Ирак и Авганистан
Минатата ноќ македонските гранични власти почнаа да ги враќаат сите имигранти кои не доаѓаат од Сирија, Ирак или Авганистан. Ова го соопшти портпаролот на високиот комесаријат за бегалците од ОН, Мелина Шунич.
Сите останати мигранти се враќаат во Грција. Според неа тоа се случило во 03:00 часот утринава, кога границата била затворена за сите останати имигранти и 100-тина лица останале во така наречена „Ничија земја“.
Агенција „Ројтерс“ од своја страна тврди дека македонската полиција почнала да ги враќа сите мигранти, кои не се од Сирија, Ирак и Авганистан.
„Од синоќа во 18:00 часот Србија почна да ги враќа во Македонија сите имигранти, кои не се од овие три држави“, додала уште Шунич.
Инаку македонско-грчката граница почна да се оградува. Поставена е трослојна жичена ограда долга 1,5 километри е поставена од двете страни на кота 59 кај првиот бегалски камп, додека од другата страна на автопатот, од пограничното село Богородица долж граничната линија кон селото Селемли, багери на АРМ веќе го подготвиле теренот за поставување на таква ограда, а таа треба да биде поставена во следните два дена.
