Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија и Словенија со најголема застапенот на iOS уредите во однос на Android

Македонија и Словенија со најголема застапенот на iOS уредите во однос на Android

Двата најпопуларни оперативни системи за мобилни уреди - Android на Google и iOS на Apple во светот немаат вистинска конкуренција.

Иако поради различните деловни модели, тие никогаш нема да се натпреваруваат за удел на пазарот на исто ниво, „Епл“ не е задоволен од застапеноста во економиите во развој, особено во Индија каде уделот на пазарот е само 3,3 проценти.

Во светот, уделот на пазарот на Андроид е 74,25 проценти, а на iOS 25,15 проценти. Другите оперативни системи заедно сочинуваат помалку од еден процент.

Гледано по региони, Андроид е доминантен во Европа (73 проценти), Африка (87 проценти), Азија (82,8 проценти) и Јужна Америка (89 проценти). IOS на Apple се користи на повеќе уреди (иако не во поголема мера) - во Северна Америка (53 проценти) и Австралија и Океанија (50,2 проценти).

Единствената земја во која iOS има најголем удел е Јапонија каде скоро 63 проценти од сите мобилни уреди се на овој оперативен систем.

Во екс-ју земјите, Словенија има најголема процентуална застапенот на iOS во однос на Android со сооднос 16,35 проценти наспроти 83,35 отсто. Македонија е на второто место по застапеност на iOS so 15,8 итсто. Следуваат Црна Гора (14,95), Хрватска (12,63), Србија(10,7) и БИХ (8,63).

Во регионот, iOS е застапен на 13 проценти од мобилните уреди, додека Андроид е на скоро 87 уреди, според податоците за август на Statcounter

Слично

Поврзани вести