Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија и официјално e членка на Црноморската економска соработка - кои се придобивките?

Македонија и официјално e членка на Црноморската економска соработка - кои се придобивките?

Од 9-ти ноември Северна Македонија и официјално членка на Црноморската економска соработка.

Oва носи можности за регионални проекти и за привлекување странски инвестиции. 

На прес - конференција, шефот на дипломатијата, Бујар Османи изјави дека членството создава нови услови и можности за привлекување странски инвестиции и создавање дополнителни потенцијали за домашните бизниси, оособено оние што се извозно ориентирани.

Обемот на трговија во рамките на Црноморската економска соработка изнесува приближно 170 милијарди долари годишно. 

„Важно е да се потенцира дека оваа организација е вториот најголем извор на нафта и природен гас, со што претставува еден од главните снабдувачи  на енергија на Западна Европа. Постои широк обем на соработка помеѓу земјите членки на БСЕК и Северна Македонија, рече Османи, додавајќи дека уште на самиот почеток земјава ќе се стреми веднаш активно да се вклучи во секторските сфери на соработка, почнувајќи од трговијата и економскиот развој, банките и финансиите, комуникацијата, енергијата, транспортот, земјоделството и агроиндустријата, здравствената и фармацевтската грижа, заштитата на животната средина, туризмот, науката, технологијата“, рече Османи.

Четири од нашите пет соседни земји, додаде Османи, веќе се членки во оваа организацијата.

Слично

Поврзани вести