Македонија и Косово со олеснет прекуграничен проток на луѓе и возила
Директорот на Националното биро за осигурување на Македонија, Јонче Поповски, во присуство на претседателот на Агенцијата за супервизија на осигурувањето Климе Попоски, вице-гувернерот на НБРМ, Фадил Бајрами, и заменик-гувернерот на Централната банка на Косово Неџат Крезиу, денеска во Охрид со директорот на Бирото за осигурување на Косово, Фатон Абази, ќе потпишат Меморандум за разбирање, документ кој треба да го олесни движењето на возила и луѓе меѓу двете држави.
“Документот ги регулира сите отворени прашања околу осигурувањето на возила и луѓе меѓу двете држави. Тоа е посебен договор за уредување на проблематиката меѓу Македонија и Косово, оттаму што Косово не е членка на системот на зелена карта“, рече Поповски, појаснувајќи дека ревидираниот договор е изработен согласно сите стандарди што ги уредуваат односите меѓу државите кои се дел од системот на зелен картон.
Слично
