Македонија и Хрватска бараат заедничко решение за мигрантите
На денешната средба меѓу министрите за внатрешни работи на Македонија и Хрватска, Ранко Остоиќ и Оливер Спасовски главна тема на разговор беше проблемот со бегалската криза.
Главен заклучок на средбата беше дека неопходна е соработка меѓу двете земји во регистрацијата на бегалците и мигрантите.
Освен тоа, потребно е сите држави од регионот и од Европската Унија да воспостават заеднички систем на регистрација и размена на податоци за да се откре дали меѓу мигрантите има и екстремисти или радикални групи.
Остоиќ го престави т.н централизиран пункт во Славонски Брод и даде конкретни предлози за прием, регистрација и профилирање на бегалците, како и подготвеноста на Хрватска да и помогне на Македонија во поглед на бегалската криза.
Спасовски ја поддржа идејата за заедничко решение во врска со регистрацијата на мигрантите, со што би се избегнало дуплирање на работите од страна на сите земји на балканската рута.
(Фото: МИА)