Македонија и Грција имаат иста невработеност, само Грците се 4 пати побогати!
Македонија и Грција имаа слична невработеност. Во Македонија падна на историски најниско ниво од 25, 5 отсто, а во Грција е на највисоко ниво во последниве години од 25, 6 отсто.
Континуираното намалување на невработеноста е комбинација на повеќе фактори, објаснуваат аналитичарите: вложувањето во инфраструктурата, владините активни мерки, проектот „Македонија вработува“, влегувањето на нови странски имиња, како и зголемената соработка на домашните компании со странските инвеститори. Една од крупните работи што помогна во намалувањето на вработувањето е и исселувањето на многу млади луѓе надвор од земјава, како и вработивањето во јавниот сектор.
Во Грција пак кризата си го направи своето, па невработеноста од некогашни 12 отсто се качи на сегашниве, еднакви со Македонија. Тоа сепак не ги прави Грците еднакво богати со Македонците. Тие и натаму имаат 4 пати повисок БДП по жител од нашата земја. Кај нас е околу 5000 долари, во Грција нешто над 20.000 долари.
Слично
