Македонија и Бугарија заеднички ќе кредитираат бизнис-проекти
Специјален фонд за кредитирање на заеднички проекти ќе формираат Македонската и Бугарската банка за развој. Целта на фондот е унапредување на трговската размена меѓу Македонија и Бугарија.
На иницијатива на Македонско-Бугарската стопанска комора директорите на двете државни банки и нивни експерти ги разгледале и иницијативите за заедничко финансирање или гаранции за покрупни инвестициски проекти од заемен интерес за двете економии.
Се испитувала можноста за заедничко креирање на балкански производ и бренд, стимулитивен и профитабилен за извоз и на трети пазари. Бугарската банка за развој изразила подготвеност со краткорочни заеми да ги кредитира извозот на фирмите кон Македонија.
Слично
