Македонија и Бугарија заеднички ќе го одбележат Илинденското востание!
Денови на БАН во МАНУ, дали научниците ќе ги урнат бариерите на политиката меѓу Бугарија и Македонија.
При толкување на историските теми треба да се гледа исклучиво на фактите. Треба да се погледнат фактите и да се слушнат аргументите, а не секој на свој начин тоа да го толкува. Научниците треба да зборуваат за историјата, а не политичарите. За таа цел договоривме да направиме работни групи кои ќе разговараат точно за проблемите со кои се соочуваме“, вели Првиот човек на БАН Стефан Воденичаров, кој изрази задоволство што вчера и денес се одржуваат „Денови на БАН во МАНУ“.Неодамна во ИНТЕРВЈУ ЗА ФАКТОР првиот човек на МАНУ, Владо Камбовски истакна дека Македонската и бугарската историографија мора со научна толеранција да се конфронтират, но без мајоризација и со право, за одделни прашања, науката и истражувачите да имаат и да градат различно гледиште. Политичката историја ги оптоварува односите меѓу двете држави. И во двете средини, има недоразбирања кон заедничкото минато. Ние внатре, во нашата наука, сеуште не можеме да оствариме дијалог за различни пристапи кон историографијата на Балканот, особено за политичките теми за минатото што се однесуваат на сите народи кои живеат на овие простори Заедничко одбележување на илинденското востание на ниво на Академии меѓу Македонија и Бугарија, би бил следниот чекор кој би требалоп да порозлезе од соработката на Македонската и Бугарската Академија на науките и уметностите. Денеска во Скопје, Владо Камбовски и Стефан Воденичаров, заеднички констатираа дека соработката и отворените разговори се единствениот пат на градење доверба.
Слично
