Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија и Бугарија заеднички ги чествуваа Св.Кирил и Методиј

Македонија и Бугарија заеднички ги чествуваа Св.Кирил и Методиј
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и Бугарската академија на науки (БАН) денеска заеднички во Бугарија ги чествуваа словенските браќа Кирил и Методиј, творци на словенската писменост. Двете научни институции се пофалија со добра соработка и велат дека во моментов заеднички работат на 30-тина проекти. „Негативната енергија треба да се трансформира во конструктивна сила, а Македонија и Бугарија заедно да се интегрираат во Европската Унија“, изјавил претседателот на МАНУ Владо Камбовски. Според претседателот на БАН Стефан Воденичаров, соработката меѓу научниците не треба да е под влијание на политички размислувања. Раководството на БАН и членовите на делегацијата од МАНУ положија венци со цвеќе на споменикот на Св. Кирил и Методиј во Софија. Претседателите на двете академии присуствувале на свечена литургија во храмот Св. Александар Невски. Во Бугарија присуствува и македонска црковна делегација, предводена од поглаварот на МПЦ, архиепископот г.г. Стефан. Црковната делегација исто така присуствуваше на литургијата во чест на просветителите. Според информациите во бугарските медиуми, и покрај нерешениот канонски статус на МПЦ, на поглаварот и владиците од Македонската православна црква им била укажана голема почит од бугарскиот патријарх г.г. Неофит, кој се погрижил македонските црковни претставници да се чувствуваат рамноправно како секоја православна сестринска црква на литургијата во храмот Св. Александар Невски во Софија. Инаку Бугарија подолг период инсистира на заедничко одбележување на историски настани и личности, важни за двете земји, но ова е прво вакво заедничко чествување. Со години македонската и бугарската делегација одржуваат одвоени одбележувања и на гробот на Св.Кирил во Рим.    
Слично

Поврзани вести