Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија и БИХ на дното со целосно вакцинирани граѓани, како е во останатите делови од регионот?

Македонија и БИХ на дното со целосно вакцинирани граѓани, како е во останатите делови од регионот?

Досега, само 5,2 проценти од вкупното население во светот е целосно вакцинирано (граѓани кои ги примиле сите дози пропишани со протоколот за вакцинација).

Податоците од научната онлајн публикација „Нашиот свет во податоците“ покажуваат дека европскиот просек е многу поголем и дека 15,1 процент од вкупното население на Стариот континент е целосно вакцинирано.

Светски рекордер е Израел, каде скоро 60 проценти од целото население е целосно вакцинирано.

Во Европа, трката за вакцинација е предводена од Велика Британија со скоро 35 проценти од населението целосно вакцинирани, додека Унгарија е на второ место, со нешто повеќе од 33 проценти целосно вакцинирани.

Третата во Европа и убедливо прва во регионот на Западен Балкан е Србија со повеќе од 28 проценти од целосно вакцинираното население. Словенија е на второ место со нешто повеќе од 17 проценти целосно вакцинирани, следена од Хрватска со нешто повеќе од 10 проценти и Црна Гора со 8,5 проценти.

На дното на списокот се наоѓа Северна Македонија каде околу 2 проценти од населението е целосно вакцинирано и Босна и Херцеговина со 1,34 проценти целосно вакцинирана популација.

На Косово досега 2,8 проценти од населението се вакцинирани со најмалку една доза, а со овој процент Косово е на дното на листата на земји во регионот.

И тука Србија доминира со повеќе од 35 проценти од популацијата кои примаат барем една доза од вакцината.

Словенија е втора со 31 процент, Хрватска 29,7 проценти, додека во Црна Гора барем една доза добија нешто повеќе од 20 проценти од населението.

Во Северна Македонија, 10,8 проценти од населението досега биле вакцинирани со единечна доза, а во БиХ 5,76 проценти.

Поголем скок на процентот на вакцинирани е особено забележлив на почетокот на мај, најмногу во Црна Гора, но и во Северна Македонија.

Слично

Поврзани вести