Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија и Албанија потпишаа Договор за социјално осигурување

Македонија и Албанија потпишаа Договор за социјално осигурување

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и министерот за социјална сигурност и млади Ерион Велиај на Албанија денеска потпишаа Договор за социјално осигурување меѓу двете земји, со кој треба да се регулираат односите во областа на социјалното осигурување и остварувањето на правата од осигурување за граѓаните и членовите на нивните семејства.

Договорот содржи одредби за права од пензиско и инвалидско осигурување, здравствено осигурување, осигурување во случај на повреда на работа и професионална болест.

- Преку примената на Договорот ќе се овозможи усогласување на националните законодавства, еднаков третман на лицата на кои се применува договорот, здравствена заштита, болест и мајчинство, упатување на лекување, собирање на периодите на осигурување, парични давања... Договорот ќе се применува за сите лица кои во Македонија или Албанија навршиле периоди на осигурување за остварување на право на самостојна старосна пензија кога лицето ги исполнува условите за право на давање пензија според законодавството на една од двете држави, појасни министерот Спасов.

Слично

Поврзани вести