МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА ИМААТ ИСКРЕН ПРИЈАТЕЛ ВО СРБИЈА: Претседателот Вучиќ ја оцени не фер одлуката на ЕУ
По последната
одлука на Европската Унија да не даде датум за почеток на преговорите за
Македонија и Албанија, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека
ваквиот чекор на ЕУ не е фер ниту кон граѓаните, ниту кон лидерите на двете земји.
Истовремено порача дека и Македонија и Албанија имаат искрен пријател во
Србија.
-Не е фер кон Тирана и кон Скопје како и кон граѓаните и луѓето што ги водат тие две земји. Тие ќе имаат искрен пријател во Србија, и ќе ја подобриме соработката со нив, и сакам да објавам дека имаме важна видеоконференција на 29 јуни“, рече Вучиќ.
Слично
