МАКЕДОНИЈА ГУБИ ВРВНИ ЕКОНОМСКИ ЕКСПЕРТИ: Тројца заминаа само во една недела
Дел од економските експерти изнесуваат свои ставови и реакции по повод заминувањето на тројца врвни професори и истражувачи од оваа област, истовремено напоменувајќи дека треба да се остават настрана нивните политички определби.
Ова го пишува Зоран Јовановски кој во својот статус на Фејсбук сака посебно да ја нагласи теоретската економска изграденост на тројцата кои последни заминаа. Екс-минстерот за
финасии, Драган Тевдовски замина во ММФ во Вашингтон, професорот Бранимир Јовановиќ
во врвен економски институт во Виена, и Рилид Кабаши како предавач во тренинг
центарот на ММФ во Виена.

-Во недела дена, тројца економски експерти од Македонија започнаа работен ангажман во странство. Ги тргам на страна и ги занемарувам нивните политички определби и се задржувам на нивната теоретска економска изграденост. Драган Тевдовски (како професор по статистика, не како Министер за финансии) Бранимир Јовановиќ (како економски истражувач, не како советник на Министерот за финансии), Рилинд Кабаши (како економски истражувач, не како советник на Министерот за финансии). Сите тројца со докторати и објавени економски истражувачки трудови во меѓународни академски списанија. Тевдовски замина во ММФ во Вашингтон, Јовановиќ во врвен економски институт во Виена, Кабаши како предавач во тренинг центарот на ММФ во Виена. Јас не се согласувам со многу од нивните ставови за економските политики, ама тоа не значи дека земјава треба да ги изгуби како професори или економски истражувачи. Башка, покрај овие тројца има и многумина други што заминале и добиле професионално признание за својата стручност во странство, а нашата јавност не ги знае затоа што не биле во политика. Се секира ли некој за овие работи?
