Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија го зголемила извозот на чоколадо, но далеку од резултатот на Хрватска и Бугарија

Македонија го зголемила извозот на чоколадо, но далеку од резултатот на Хрватска и Бугарија

Европската статистичка агенција објави дека Хрватска е најголем извозник на чоколади и чоколадни производи на Балканот од европските земји.

Евростат објави дека од Хрватска во регионот извезува чоколадо од 195 милиони долари, а втора е Бугарија со извоз од 190 милиони долари, додека Србија на третото место е со 69 милиони долари. 

Македонија може да се пофали дека има зголемен извоз на чоколадо во вредност од 13,6 милиони долари. Зголемувањето во 2019 е за 4,9 проценти во однос на една година претходно. 

Земјата има поголем извоз од Босна и Херцеговина и Црна Гора, кои лани оствариле експорт од 10,8 милиони долари, односно 1,4 милиони долари.

Во Европската унија и земите членки кои претендираат за влез во Унијата вкупниот извоз изнесува 2,2 милиони тони чоколадо.

Најголеми извозници се Германија со 640.000 тони, Белгија со 300.000 тони, Холандија со 290.000 тони, а петорката ја заокружуваат Полска со 230.000 и Италија со 180.000 тони.



Слично

Поврзани вести