Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија го следи просекот на ЕУ во вработени на определено време

Македонија го следи просекот на ЕУ во вработени на определено време

Само 14 насто од работниците во Македонија се вработени на определено време и тоа е приближно исто со просекот на Европската унија, кој изнесува 14,3 %, покажуваат најновите податоци што ги објави „Евростат“ за 2017-та. Сепак, оваа споредба треба да се земе како релативна, затоа што невработеноста во нашата земја е многу голема.

На ова поле Македонија е подобра од Шпанија (26,8), Франција (16,8), Хрватска (20,6), Италија (15,5), Кипар (15,4), Холандија (21,5), Полска (26,1), Португалија (22,0), Словенија (17,6), Финска (15,8), Шведска (16,1). Убедливо прв во оваа категорија е Црна Гора со рамно 30 отсто, во Хрватска се дури 20,6, во Турција 13,2, а во Грција ги има 11,4 отсто.

Романија има само 1,2 насто работници со таков статус, Малта со 5,6, Литванија 1,7, Латвија 3,0, Естонија 3,1, додека во Бугарија е 4,4. Тоа се земјите кои се најдобри на ова поле.

Евидентно е дека во изминатите години ваквиот тип на вработување се зголемувал во структурата на вработените, бидејќи во 2016-та тие биле 13,5 насто, во 2015-та нивниот процент изнесувал 12,6,  Најдобар е, откога се води евиденција, во 2006, кога процентот изнесувал 11,8.

Кај мажите тој е доста поголем и изнесува 15,2 насто, додека кај жените е 12,3%.

Што се однесува во категоријата кај работниците до 24 години, вработеноста на определено време е 30,2 насто и овдека просекот е подобар од оној на ЕУ, кој изнесува 43,9%, но и овдека тоа треба да се разбере „условно“ бидејќи невработеноста кај младите е огромна во Македонија.

Слично

Поврзани вести