Македонија го откажа стариот договор за добрососедство со Бугарија, тврди Плевнелиев
Македонија ја прогласи за неважечка Декларацијата за добрососедство потпишана со Бугарија во 1999 година, тврди бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, кој во Берлин зборуваше за можното влијание на кримската криза врз земјите од Западен Балкан.
Плевнелиев одговараше на прашање на Дојче Веле за тоа до каде се преговорите за новиот договор за добрососедство меѓу двете земји и дали Македонија може да се надева на поддршка од Бугарија за почеток на преговорите со ЕУ.
„Ние го поддржуваме европскиот пат и НАТО интеграциите на сите земји. Во 1999 година меѓу Македонија и Бугарија имаше декларација за добрососедски односи. Тоа беше едноставен, но добар документ на две страници во кој се велеше дека двете земји историски нешто заеднички направиле. Добри соседски односи. За жал денешната влада во Македонија овој документ го прогласи како неважечки . И кажа - ова не е за нас! Секако дека Бугарија се залага за добар договор за добрососедски односи. И ништо повеќе, ниту помалку. Тоа е стандарден документ кој може да се состави во неколку часа“, изјавил Плевнелиев.
Слично
